Порше отпушта 1.900 работници

Германскиот производител на луксузни спортски автомобили Порше им се придружи на другите во тешката автомобилска индустрија во плановите за отпуштање работници.
Во четвртокот, брендот ги претстави плановите за укинување на околу 1.900 работни места во двете фабрики во Штутгарт до 2029 година.

Вработените во Порше имаат загарантирано вработување до 2030 година со договор, па компанијата ќе мора да се потпре на доброволни заминувања.

Минатата година Porsche почна да ја намалува својата работна сила со тоа што престана да ги обновува договорите на определено време.

На почетокот на овој месец, Porsche неочекувано и без објаснување ги отпушти финансискиот директор Луц Мешке и директорот за продажба Детлеф фон Платен.

Компанијата се соочува со пад на вредноста на акциите и пад на продажбата на важниот кинески пазар.

Покрај тоа, Porsche, кој разви исклучително амбициозен план за производство на електрични автомобили, неодамна објави дека го враќа фокусот на возилата со конвенционален мотор.