Повеќето земји-членки на ЕУ го зголемија увозот од Русија во 2022 година

77

Евростат објави податоци кои речиси даваат крајно мрачна слика за однесувањето на земјите-членки на ЕУ кога се во прашање трговските односи со Русија.
И покрај деветте пакети санкции, повеќето земји членки, го зголемија увозот од Русија во периодот од февруари до август минатата година, пишува Јутарњи лист.

Апсолутен фаворит е Словенија, чиј увоз во тој период пораснал за 346% и достигнал, според Евростат, 1,1 милијарда евра (словенечки извори наведуваат нешто помала бројка, 977 милиони, во 2021 година тој бил 352 милиони).

Пред сè, зборуваме за увоз на суровини, односно енергија. Од Стопанската комора на Словенија есента минатата година објаснија дека тоа е последица на поскапувањето на енергенсите на светскиот пазар. Тоа го потврдуваат и од Евростат бидејќи наглото зголемување на увозот имало во март, кога цената на нафтата ја достигнала ланската највисока цена, 130 долари за барел, по што следел пад.

Кога станува збор за словенечкиот извоз во Русија, немаше поголеми отстапувања: во 2021 година беше 854 милиони, лани беше 805.

Хрватска се стави на златната средина со пораст на увозот за 68% (470 милиони евра).

По Словенија следи Луксембург со раст од 262%, Грција 142%, Австрија 139% и Унгарија 132%.

Увозот најмногу го намалила Шведска, за 60%, а по неа е Данска со 44%. Кога ќе ја додадеме Финска, каде падот е 7%, го добиваме регионот кој економски најмногу се оддалечува од Русија, а во исто време ги зајакнува врските со НАТО.

Следат балтичките земји, Естонија (-14%), Литванија (-25%) и Летонија (-8%). Полска и Германија речиси се поклопија кога станува збор за релативната количина, првата го зголеми увозот за 24%, а втората за 33%. Во апсолутна вредност, Варшава увезла вредност од 10,4 милијарди евра, а Берлин 20,7 милијарди.

Политико ги пренесува и податоците на Европската централна банка дека еврозоната (тоа е пред влезот на Хрватска) го намалила поседувањето на руски имот за само 10 отсто од крајот на четвртиот квартал на 2021 година до крајот на вториот квартал на 2022 година.