
Повеќето земји од Групата седум (Г7) се подготвени самостојно да ја намалат границата на цената за руската нафта, дури и ако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одлучи да не се придружи на иницијативата.
Лидерите на земјите од Г7 треба да се состанат од 15 до 17 јуни во Канада, каде што ќе разговараат за ограничувањето на цената договорено за прв пат на крајот на 2022 година.
Тоа ограничување овозможува продажба на руска нафта на трети земји користејќи западни осигурителни услуги, под услов цената да не надминува 60 долари за барел, пренесува Ројтерс.
Фото: Pixabay