Почитувани,
Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од првата заедничка средба на програмата за деца и млади CEED EDU, со сите возрасни групи.
Средбата ќе се одржи во сабота, 19–ти декември од 12.00 часот во просториите на ЦЕЕД Македонија.
Повелете заедно да го најавиме почетокот на ЕДУ и со радост да ја испратиме старата успешна година во присуство на тимот кој во иднина ќе се грижи за реализирање на претприемачките способности на учесниците, животните вредности и за реализирање на соништата.
Вашето присуство ќе ја збогати размената на искуства како помеѓу нас, така и со нашите гости.
Ќе размениме мислења и искуства со:
Деспина Стојановска, психолог и психотерапевт
- Како отворената комуникација креира здрава средина
- Колку се подготвени родителите, а колку децата, за сопствениот развој
- Какви сè предизвици имаат младите соочувајќи се со неизвесната иднина
Михајло Павлов, сопственик на Digital Star и косопственик на Creative House
“… ако сакате да бидете во нешто исклучително добри, одберете нешто за кое што сте пасионирани. Покрај работата, паралелно постојано учете. … времето минува многу побрзо. Јас ги нарекувам кучешки години. Една година е како седум. Ако пропуштите една година, исто како да сте пропуштиле седум. Затоа не го губете времето”.
И ќе се забавуваме и учиме.
Видео од првата генерација на ЕДУ:
За повеќе инфо контактирајте со координаторот на ЕДУ, Цанка Велкова
T:+ 389 2 30791 91, 30796 11, 3061 333
M:+ 389 75295075
Ве очекуваме!