Повик за работилница за економски новинари

28

business-2651346_960_720Фото: Pixabay

Finance Think организира работилница за економски новинари на тема Анализа и интерпретација на податоци и наоди. Целта на работилницата е пишување на релевантни новинарски текстови, базирани на податоци и соодветна анализа, а истата ќе се одржи на 02.03.2018 година во хотел Мериот, Скопје.

Работилницата вклучува неколку делови, анализа на расположливи бази на податоци во земјата и меѓународни бази, анализа на податоците, пишување на текстови базирани на тие податоции практична вежба за анализа на избран текст од The Economist/F&D.

Формуларот за пријавување можете да го најдете на следниов линк.