Повисок промет од продажба на услуги во првото тримесечје

26

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во првото тримесечjе од 2020 година е повисок отколку во првото тримесечје од 2019 за 0,2%. Во првото тримесечје од 2020 година, најголем пораст на прометот во услугите во однос на првото тримесечје од 2019 година има во дејноста Заштитни и истражни дејности за 9,8%.

Најголемо намалување е забележано во дејноста филмска дејност, продукција на видео и телевизиска програма и дејности на снимање звучни записи и музичко издаваштво за 32,3%.

Фото: Freepik