Површината на земјиште за органско земјоделство во ЕУ продолжува да расте

20

Површината што се користи за органско земјоделско производство во Европската унија продолжува да расте, достигнувајќи 16,9 милиони хектари (ха) во 2022 година, од 15,9 милиони хектари во 2021 година и 14,7 милиони хектари во 2020 година.

Површината што се користи за органско земјоделство е еквивалентна на 10,5 отсто од вкупната искористена земјоделска површина во ЕУ, објави Евростат.

Помеѓу 2012 и 2022 година, површината што се користи за органско земјоделство се зголеми во речиси сите земји на ЕУ. Највисоки стапки на проширување во овој период има во Хрватска (306 отсто), Португалија (278 отсто) и Бугарија (182 отсто).

Најголем дел од површините за органско земјоделство во вкупниот  има во Австрија (27 проценти), Естонија (23 проценти) и Шведска (20 проценти). Спротивно на тоа, уделот на органското земјоделство беше под пет проценти во пет земји на ЕУ во 2022 година, со најнизок удел во Малта (под еден процент), Бугарија и Ирска (и двете по два проценти).