Позитивни економски очекувања: Инфлацијата во Германија ќе продолжи да паѓа во текот на 2023 година

105

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер очекува инфлацијата во најголемата европска економија да падне на седум проценти оваа година и да продолжи да паѓа во 2024 година и понатаму, но верува дека високите цени на енергенсите ќе станат новото нормално, пишува Ројтерс.

-Целта останува два отсто. Ова мора да биде врвен приоритет за Европската централна банка и германската влада, изјави Линднер во интервју за германски Билд.

Агенцијата известува дека „поттикната од скокот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина и падот на рускиот извоз на енергетски производи“, германската инфлација на годишно ниво малку забави на 11,3 отсто во ноември од највисокото ниво од 11,6 отсто претходниот месец.

Според извештајот на Федерацијата на германската индустрија (BDI), инфлацијата најверојатно ќе остане висока во текот на годината, а целната стапка од два проценти поставена од Европската централна банка може да биде достигната до 2025 година.

Линднер рече дека на Германија и треба „непристрасна“ енергетска политика за да ја одржи индустријата во живот, додавајќи дека домашното фракирање на гас и нафта и нуклеарната енергија треба да се земат предвид заедно со обновливите извори на енергија.