Познат милијардер: Работите само ќе се влошат со чет-ботови

150

Милијардерот Марк Кубан може да се забавува со чет-ботови како ChatGPT поддржани од Мајкрософт и претстојниот Бард на Google – но тој не е подготвен да им верува.

Дезинформациите на интернет „само ќе се влошуваат“ како што се развиваат и прошируваат платформите за вештачка интелигенција, рече милијардерот технолошки претприемач и инвеститор.

Во моментов, дезинформациите имаат тенденција да се шират преку социјалните мрежи како Фејсбук или Твитер — со некој привид на човечки заштитни огради, рече Кубан. Но, со ChatGPT и други слични платформи, машините имаат контрола.

„Штом овие работи ќе почнат да живеат свој живот… ќе ни биде тешко да дефинираме зошто и како машината ги носи одлуките што ги носи и кој ја контролира машината“, рече Кубан, според Seebiz.

Стотици милиони корисници пробале ChatGPT, но досега технологијата не изгледа попаметна од просечниот човек, пишува CNBC.

Фото: facebook