Позната актерка од серијата Беверли Хилс 90210 во правна битка со State Farm

206

Актерката од Беверли Хилс 90210, Шенон Доерти во последно време е во постојана борба со осигурителните компании.Таа во моментов е во правна битка со компанијата околу нејзините трошоци за осигурување на домот по настанатите пожари во Калифорнија.

Доерти тврди има неплатено побарување за оштетувањето на нејзиниот дом по пожарите во делот на Волси во Калифорнија во 2018 година.

Осигурителната компанија State Farm изјави дека на актерката ѝ исплатила 1,1 милиони долари, но дека за неа оваа цена била недоволна. Но, актерката тврди дека била принудена да плати од џеб за штети за кои верува дека требало да бидат покриени од страна на осигурителната компанија, но неправедно ѝ биле одбиени.

Среде правната битка, State Farm, започна и друга правна битка со Доерти особено по повратокот на ракот кај актерката и во новите документи ѝ било допишано дека пушела цигари до март 2019 година додека 48-годишната актерка тврди дека тоа не е вистина и дека се откажала од пушење во 2015 година, по нејзината оригинална дијагноза за карцином.

Шенон Доерти тврди дека осигурителната компанија направила лажни докази за нејзината навика за пушење и тоа откако таа јавно откри дека карциномот повторно ѝ се вратил.

Таа тврди дека State Farm ја напаѓа нејзината приватност и прави лажни тврдења и бара да бидат казнети.

“Не планираме да го гасиме огнот во јавноста, едноставно ќе одиме на суд и ќе ја докажеме нашата правичност. Ние ги имаме фактите, друго не нè интересира“, изјави портпаролот на State Farm.

Фото: Facebook