Мултинационалната компанија за производство и дистрибуција на пијалоци „Диаџо“ размислува да почне да заработува од растечката побарувачка за познатиот пивски бренд „Гинис“ преку продажба или понуда на акции на берзата, објави Блумберг.
Продажбата или одвојувањето на брендот се меѓу опциите што компанијата ги разгледува како дел од планот за зголемување на нејзиниот капитал, објави Гардијан.
Брендот „Гинис“ е проценет на 10 милијарди долари (околу 9,5 милијарди евра).
Ова пиво стана особено популарно кај припадниците на таканаречената генерација Z, родени на крајот на минатиот век и почетокот на овој век.
Имаше голема побарувачка за Гинис за време на божиќните празници, што доведе дури и до недостиг на пиво. Споменатите шпекулации за продажбата доведоа до тргување на акциите на компанијата на лондонската берза за четири отсто и го ставија Diageo на врвот на индексот FTSE 100.
Производството на ова пиво го започнал во 1759 година Артур Гинис во Даблин и денес е еден од најпознатите ирски производи, со продажба од неколку милиони кригли дневно ширум светот.