Познато кога Европа ќе увезува повеќе автомобили отколку што извезува

За тоа дека работните места во европската автомобилска индустрија се загрозени сè повеќе се пишува. Со електричната транзиција, многу компоненти повеќе нема да бидат потребни, а тоа првенствено се однесува на сложените мотори со внатрешно согорување.
Проблем е и гигантот од исток, поточно Кина, која се поагресивно инвестира во автомобилската индустрија и се подготвува да ги освои светските пазари.

Дури и европските производители се собираат таму бидејќи трошоците за производство се помали.

Според студијата на PwC, Европа е под зголемен притисок, со потенцијално сериозни последици.

Производителите сега се соочуваат со исклучително тешка конкуренција од Кина, а консултантската компанија PwC предвидува дека Европа ќе увезува повеќе автомобили отколку што ќе извезува веќе во 2025 година.

Додека кинеските производители продаваат сè повеќе електрични возила во Европа, и европските и американските производители преселуваат сè повеќе од своето производство на електрични возила во Кина, пишува ХАК Ревија.

Минатата година европските производители на автомобили извезоа само 35.000 електрични возила од Кина во Европа (пример е Dacia Spring Electric, која се произведува во Кина), оваа година веројатно ќе биде 66.000.

За три години во Европа би можеле да се продадат речиси 800.000 автомобили од кинеско производство, од кои околу 330.000 од кинеските погони на европските автомобилски компании.