Италијанската компанија Прада е заинтересирана да ја купи модната групација Версаче, која ја продава компанијата Капри Холдингс, објави италијанскиот весник Il Sole 24 ore.
Преговорите за спојување на модните компании Tapestry и Capri Holdings пропаднаа во ноември, а Capri Holdings потоа и се обрати на Barclays Bank, која и препорача да ги продаде своите брендови Versace и Jimmy Choo, пишува Reuters, повикувајќи се на два анонимни информирани извори, пишува Euronews Србија.
Еден од изворите не исклучува дека на продажба би можело да се најде и целата Капри холдингс, која забележа голем пад на кварталните приходи во ноември.
Модната компанија Прада, пак, бележи добри резултати. Компанијата во ноември објави дека нејзиниот нето приход за првите девет месеци од 2024 година се зголемил за 15 отсто на годишно ниво на 3,83 милијарди евра.
Продажбата на мало на Прада во Европа се зголемила за 16 отсто на годишно ниво на 1,09 милијарди евра, во азиско-пацифичкиот регион за девет отсто на 1,14 милијарди евра и во САД за седум отсто на 576 милиони евра.
„Нашите брендови остануваат пожелни и релевантни благодарение на силата и конзистентноста на нивниот идентитет, креативноста и острата позиција“, рече извршниот директор на Прада, Андреа Гвера во изјавата објавена на веб-страницата на компанијата.