Прашања што откриваат дали сте емоционално интелигентни

30

prasanja

Фото: Pixabay

Емоционалната интелигенција (ЕИ) се однесува на способноста да се перцепираат, контролираат и евалуираат емоциите. ЕИ влијае на тоа како управуваме со нашето однесување, како се справуваме со социјална комплексност и како донесуваме лични одлуки со цел да постигнеме позитивни резултати.

Кого ќе ангажирате да работи за вас игра голема улога во компаниската култура и обезбедување на идниот успех. Изборот на информативни прашања за интервју може да биде клучен фактор за наоѓање на вистински работник.

Додека различни компании интегрираат различни вредности и култури, успехот на работното место во голема мера зависи емоционалната интелигенција на личноста и е квалитет што треба да се проверува на секое интервју за работа.

Не е едноставно да се процени дали некој е емоционално интелигентен, но постојат неколку интервју прашања коишто може да помогнат во откривање на емоционалната интелигенција кај кандидатот.

Кој и зошто ве инспирира

Ова е одлично прашање за “кршење на мразот“ и открива малку повеќе за личноста на кандидатот кој аплицирал за работа во компанијата. Кандидатот ќе ви посочи карактер кој веројатно сака да го имитира. Од неговиот одговор треба да утврдите кои вредности го инспирираат кандидатот, дали се позитивни и се вклопуваат во компаниската култура.

Ако отворате компанија, кои ќе бидат првите три вредности

Со поставувањето на ова прашање ќе ги дознаете приоритетите на кандидатот. Секој добар однос започнува со доверба и усогласени вредности, чесност и интегритет.

Ако бизнис приоритетите се менуваат, опишете како ќе помогнете на тимот да ги разбере и извршува новите цели

Пренасочување на приоритетите се случува во секоја компанија, затоа барајте кандидати кои се флексибилни и кои ќе знаат да се справат со промените. Ангажирајте кандидати кои се мотивирани и емпатични. Поседувањето на вакви вештини ќе им помогне на вработените подобро да работат во тимови.

Кој е вашиот професионален момент на кој се гордеете

Кандидатот со висока емоционална интелигенција се восхитува на приказната за тоа како неговиот тим успешно завршил некаков проект, давајќи еднакво значење на сите членови кои учествувале во проектот. Друг кандидат може да зборува за неговиот “соло“ проект, повторувајќи зборот “мојот“ неколку пати. Одговорот на првиот кандидат открива дека тој размислува и за другите луѓе, тим и “ние“.

Која вештина мислите дека ви недостасува

Љубопитноста и желбата за учење се знаци дека потенцијалниот кандидат има желба да се подобри во нешто.