Правила на однесување во деловниот свет (2)

98

kopce

Фото: Pixabay

Доброто однесување важи за секого, во секое време и на секое место. Професионалците не би биле тоа доколку би ги немале своите добри манири и деловниот бонтон.

Доброто однесување, особено во деловниот свет, може да ве однесе далеку и да ви отвори многу врати. Затоа потрудете се да (не) го правите следново:

Секогаш станете кога се запознавате со некого, а доколку не можете, направете благ наклон нанапред.

Претставувајте се со вашето целосно име, но внимавајте како другите сакаат да бидат претставени.

Доколку сте вие домаќин на средбата/настанот или пак имате повисока деловна позиција од соговорникот, треба први да ја подадете раката при ракувањето, без разлика на возраста или полот.

Никогаш не ја тргајте столицата за другиот да седне. Можете да отворите врата, но без разлика на полот во деловниот свет секој сам си го прилагодува местото за седење.

Зборот благодарам е доволно да се каже само еднаш или два пати. Во спротивно може да звучите беспомошно и несигурно.

Не ги прекрстувајте нозете. Може да одвлечете внимание од разговорот без разлика дали сте маж или жена.

Кога покажувате кон нешто држете ги прстите споени и правете го тоа со отворена дланка. Покажувањето само со показелецот може да се интерпретира како агресивно.

Неколку пати проверете го името пред да го испратите мејлот. Во ниеден случај не треба погрешна личност да добие погрешен мејл.

Доколку сте на деловна вечера/ручек, не нарачувајте скапи јадења и пијалоци, дури и домаќинот да ве охрабрува на таков чекор.

Ако гостинот нарачува предјадење или десерт, нарачајте и вие. Така нема да се почувствува непријатно и сам да јаде.

Домаќинот секогаш го плаќа ручекот/вечерата. Ова може да биде и проблем кога домаќинот е припадничка на понежниот пол и гостинот инсистира да плати. Тука можете да се послужите со изговорот дека тоа “фирмата го плаќа” или да платите пред да ја донесат сметката.