Правила што треба да ги прекршите за да успеете

97

pravila

Фото: Pixabay

Неколку претприемачи за Entrepreneur споделија совети за правилата во бизнисот, односно нивното отфрлање и фокусирање кон тоа што е прифатливо за нивниот бизнис.

Престанете да се натпреварувате како луди за да бидете подобри

“Престанете да се натпреварувате како луди за да бидете подобри. Напротив, размислете како можете поинаку да пристапите на работите. Јас секогаш се присетувам на цитатот од Алберт Ајнштајн: Ние не можеме да си ги решиме проблемите користејќи го истото размислување кога сме ги создале“. – Џонатан Неман, ко-основач и ко-извршен директор на компанијата Sweetgreen.

Прекршете го правилото на совршенство и фокусирајте се на напредок

“Прекршете го правилото на совршенство и фокусирајте се на напредок. Кога сте опседнати со погрешно преземените чекори и критика, си создавате препрека за напредок.“ – Ариел Каје, основач и извршен директор на компанијата Parachute.

Не бидете “me too“ бренд

“Не бидете ’me too’ бренд. Претприемачите треба да се фокусираат на себе, на своите предности, слабости и визија за компанијата.“ – Ариел Нелсон, ко-основач на компанијата Jack Erwin.

Не размислувајте надвор од рамката

“Старата поговорка за размислување надвор од рамката? Размислете за внатрешноста на тоа што е во рамката. Запознајте ја секоја граница, секој агол. Креативниот претприемач гледа можност во користењето на истиот сет ресурси и барања како секој друг.“ – Џени Бритон Баер, основач на компанијата Jeni’s Splendid Ice Creams.

Не бидете воркохолици

“Користете повеќе одмор. Како претприемачи сите сме воркохолици. Секогаш ги предизвикувам моите пријатели претприемачи да го прекршат правилото ’Тимот не спие’ и да користат одмор.“ – Келечи Аниадиегву, основач и извршен директор на компанијата Zuvaa.

Престанете да велите ДА

“Во 2017 година ќе престанеме да велиме ’да’. Како старт – ап настојувате да велите ’да’ за сè. Но, така може лесно да да го изгубите фокусот.“ – Кети Дојл, ко-основач на компанијата Brass Clothing.

Не прифаќајте секаков совет

“Луѓето велат никогаш не вработувај пријател, но вработувањето на пријатели ми овозможи да имам доверливи извори во тимот за помош во доверливи проекти и да обезбедам искрен фидбек.“ – Кари Саитовиц, основач на компанијата The Fhitting Room.

Не одговарајте на електронска пошта во рок од 24 часа

“Откажете се од обидот да одговарате на електронската пошта во рок од 24 часа. Ваквото однесување ве дефокусира од извршувањето на задачите. Во 2017 година ќе ја читам електронската пошта само кога ќе ми дозволи времето и ќе се фокусирам на задачите коишто влијаат на мојот бизнис.“ – Сара Шугарман, основач и извршен директор на компанијата за декорации Lulu & Georgia.