Фото: Twitter
Дознајте ги петте правила за успешен бизнис на познатиот англиски бизнис могул и инвеститор, Ричард Брансон.
Осмислете ја својата мисија
Во Вирџин мисијата беше внесување на нешто ново што ќе има голема вредност и значење на веќе етаблираните пазари. Во случајот со Innocent мисијата ми беше да направам одлични сокови кои ќе придонесат за поздрав живот на луѓето и сето тоа да го правам на забавен начин.
Осигурајте се дека основата е на здрави нозе
Треба добро да знаете што ќе правите. Честопати партнерите можат да обезбедат простор, инфраструктра или суровини. Доколку изградите јаки врски со добавувачите, можете да ги прилагодите работите без тоа многу да влијае на вашиот капитал.
Одберете го вистинскиот тим за важните работи
Можеби ќе биде тешко да го направите тоа од прв пат. Многу мали бизниси не можат да растат токму поради фактот што одговорните не можат да увидат кои членови од тимот не се способни за понатаму. Понекогаш, колку и да е болно, морате да се раздвоите и со долгогодишните менаџери кои не умеат да го развиваат бизнисот понатаму.
Јасна цел и етика
Овие две нешта и даваат на компанијата солидна основа. Во случајот со Innocent фокусот беше на тоа да се замине од Планетата оставајќи ја во малку подобро издание од претходно. Оваа едноставна но ефективна порака се однесува и на вработените и на клиентите, без разлика дали се работи за 10 или 500 луѓе.
Деталите се многу важни
Како што јас постојано патувам со нашите авиони и ги посетувам нашите бизниси надвор, носејќи го мојот бележник, се со цел да позборувам со вработените и да ги проверам малите нешта што не прават посебни, така и Ричард Рид и неговите партнери од Innocent го прават истото. Tие редовно проверуваат се, од капачињата на шишињата до теписите во нивните канцеларии.
И за крај слушајте што имаат да кажат вашите клиенти и постапувајте во согласност со нивните барања.