Празнична честитка со потпис од Битлси продадена за 2.700 долари

162

2015Beatles_XmasCard_7_221215Аукциската куќа Catawiki, којашто врши онлајн продажба и купување, на последната аукција продаде уникатна празнична честитка од 1963 година, на којашто се наоѓаат потписи од членовите на Битлси.

Сите членови на бендот Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон и Џорџ Харисон пред да ја испратат своерачно ја потпишале честитката, а истата е адресирана на име Силвија, основач на најголемиот британски клуб на обожаватели на Битлси.

Ленон, Макартни и Харисон се потпишани на левата страна на честитката, а Ринго го ставил својот автограм на десната страна, пишува Irishexaminer.

“Ова е еден од највозбудливите сувенири што досега сме ги виделе, што ни кажува дека љубовта спрема Битлси уште живее”, изјави Бен Фрајд од Catawiki.

2015Beatles_XmasCard_2_221215luksuz-fancy-cestitka (5)