Пред 10 години криел дека го напуштил факултетот, денес неговата компанија заработува милиони

797

Пред 10 години основачот на Nanobit, хрватската компанија, која стана дел од шведската групација Stillfront Group за 148 милиони долари, криел дека започнал бизнис.

“Отсекогаш знаев дека сакам да управувам со мојата судбина и се совпадна дека тоа што го сакам е исто така профитабилно“, рече Алан Сумина еден од основачите на Nanobit.

Алан и неговиот деловен партнер Зоран Вучиниќ го основаа Nanobit пред 12 години. Без капитал, без канцеларија и со само два компјутери. Денес, Nanobit е присутна со своите игри во повеќе од 150 земји во светот, вработува 125 високо образовани лица и е една од најпосакуваните хрватски работодавци. Игрите на Nanobit се преземени повеќе од 145 милиони пати вкупно, а ги играат над 10 милиони активни играчи од сите континенти на светот на месечно ниво. Компанијата оттогаш расте и сега е време да премининат на следното скалило и тие се одлучија за Stillfront една од водечките светски компании за игри.

Nanobit прави мобилни игри за глобалниот пазар и со оваа соработка постигна една од најголемите ИТ трансакции во историјата. Сумина нагласува дека им било важно да ги споделат тие пари со луѓето кои се најодговорни за успехот на компанијата.

Сумина го напушти Факултетот за компјутерски работи кога влезе во деловните води.

“Кога имате вработени лица, имате одговорност пред нив. Некои можеби ќе можат да учат и да развиваат бизнис паралелно, но јас не можев. Сега, како ретроспектива, се покажа како паметна одлука. Но, долго време го криев тоа што го напуштив факултетот, не ми беше сеедно. Кога ќе им кажам на моите пријатели, тие ме гледаа зачудено и ме прашуваа: Дали си нормален? Тоа беа години на рецесија, а дипломата беше шанса да најдете работа релативно лесно“, рече коосновачот Nanobit.

Зад успехот на Nanobit, нема инвеститори. Тие со години го реинвестираа сопствениот капитал и така се проширија. Иако ова е најбавниот начин, нагласува Сумина, тој е најодржлив затоа што не мора да зависат од волјата на инвеститорите.

“Управување со сопствената судбина ни беше важно кога започнавме бизнис. Рековме дека нема да продаваме се додека не најдеме партнер на кого му веруваме“, рече Сумина.

Фото: Facebook