Пред да го продадете бизнисот…

54

ctrl

Фото: Pexels

Еве неколку битни прашања што треба да си ги поставите пред да се одлучите да го продадете вашиот бизнис.

Дали мојот бизнис е “спремен” за продавање?

Експертите велат дека на бизнисот му е потребна двегодишна подготовка за да биде во “добра форма” за продавање. Бизнисот треба да работи одлично и да ги има подмирено сите давачки кон државата.

Како купувачот ќе го процени мојот бизнис?

Особено кај фамилијарните бизниси, многу работи одат на трошок на компанијата. Таквиот бизнис, преоптоварен бизнис со даночни отписи, во очите на купувачот ќе изгледа помалку профитабилен, а со тоа и помалку вреден.

Кого се треба да ангажирам кога ќе го продавам бизнисот?

Претприемачите треба внимателно да одредат чии услуги им се најмногу потребни за успешно да го завршат продажниот процес, било да е тоа сметководител, адвокат, консултант или бизнис брокер. Купувачот сигурно ќе има зад себе добар тим, па и оној што го продава бизнисот треба да размислува во таа насока.

Дали го продавам бизнисот во вистинско време?  

Многумина го продаваат бизнисот кога истиот ќе почне да дава лоши резултати. Токму тука е грешката, бизнисот треба да се продаде кога најдобро функционира. Повеќето на тоа ќе речат: Добро ми оди бизнисот, зошто да го продавам? Така размислуваат сопствениците, но не и претприемачите.

Дали условите на пазарот се поволни?

Пред да се одлучите на продажба испитајте ги моменталните условите на пазарот за индустријата на која припаѓа вашиот бизнис.

Ќе можам ли да се справам со промените кои ги носи времето?

Брзиот развој на технологијата, глобализацијата и останатите трендови во бизнисот може да бидат “премногу” за некои претприемачи. Експертите советуваат да го продадете бизнисот пред промените да ве престигнат. За некои ќе биде тешко да го направат тоа, но ако чекате премногу долго времето може да ве прегази.

Ќе може ли бизнисот успешно да функционира без мене или без клучните купувачи?

Ако купувачот е загрижен дека бизнисот е премногу зависен од сопственикот или од одреден клиент, може да се предомисли за купувањето. Успешниот бизнис може добро да функционира и кога сопственикот е на одмор и кога има добра диверзификација на приходите, каде ниеден клиент не претставува повеќе од пет проценти од бизнисот.

Дали ќе сакам да останам во компанијата доколку купувачот го побара тоа од мене?

Може да се случи купувачот да побара од вас да останете одредено време во компанијата, најчесто во улога на консултант.  Но, пред да го потпишете договорот проверете дали тоа ќе биде исплатливо за вас.