Економистот од Универзитетот во Илиноис, Скот Ирвин, вели дека ситуацијата во Украина може да доведе до најголемиот недостиг на пченица во светот, во историјата.
„Тоа може да доведе до најголем шок во синџирот на снабдување и ништо не може да се направи за кратко време за да се спречи тоа“, рече тој, пренесува Блумберг.
Цените на пченицата го продолжија брзиот раст искачувајќи се над 11 долари за бушел, највисоко ниво во последните 14 години, бидејќи руската инвазија на Украина доведе до блокада на извозот од Украина, која е петти најголем извозник на пченица во светот.
Фјучерсите на пченицата во средата достигнаа 10,59 долари за бушел, што е раст од 7,62%, што е највисоко ниво откако пченицата се тргуваше на 10,9125 долари на 26 март 2008 година.
Војната и последиците од опсежните санкции на САД и Европа врз Русија ги ограничија испораките од Црното Море во време кога глобалните залихи се веќе на ниско ниво. Украина и Русија учествуваат со околу 30% во светскиот извоз на пченица, а борбите ги затворија пристаништата, го запреа транспортот и ја прекинаа логистиката.
Војната, исто така, го загрозува садењето оваа година во Украина, бидејќи земјоделците би можеле да бидат вклучени во борбите, а семињата и ѓубривата ќе бидат во недостиг.