Предвидено е да има 154 ката – се гради нова највисока станбена зграда во светот

117

Во крајбрежниот град Балнеарио Камбори во Санта Катарина на југот на Бразил, во тек е револуционерен проект кој ќе собори рекорди.

Имено, планирано е да се изгради супервисок облакодер, Triumph Tower, кој има потенцијал да стане највисоката станбена зграда во светот со висина од 509 метри и 154 ката. Во моментов титулата за највисока станбена зграда во светот ја носи Централ Парк Тауер во Њујорк со висина од 472 метри и 98 ката.

Овој монументален проект е лансиран од една од најголемите градежни компании FG Empreendimentos во партнерство со Хавана, на чело со бразилскиот бизнисмен и милијардер Лучијано Ханг.

Овој крајбрежен град ги има највисоките цени на недвижностите во Бразил. Просечната цена на квадрат во Балнеарио Камборио е околу 2.345 долари