Преговарање: Како да бидат задоволни и двете страни?

72

Фото: Pixabay

Преговарањето во бизнисот, но и во личниот живот може да биде напорно ако двете страни сакаат да го остварат исклучиво својот интерес, без да се грижат за барањата на другата страна и без да ги согледаат долгорочните последици.

За успешно да бидат задоволени двете страни еве што треба да направите:

1. Водете го разговорот на професионален и прифатлив начин за вашиот соговорник.

2. Никогаш не влегувајте во процес на преговарање неспремни. Имајте јасен план.

3. Поставете си јасни цели што сакате да ги постигнете со преговарањето.

4. Однесувајте се рамноправно со човекот со кој преговарате и никогаш не го потценувајте соговорникот.

5. Бидете фокусирани на преговарањето. Не дозволувајте мислите да ви лутаат.

6. Немојте да се служите со лаги.

7. Трпението е основното обележје на добриот преговарач. Не брзајте во разговорот и во донесувањето на одлуките.

8. Бидете разумни. Гледајте ги работите од туѓа перспектива и заклучете објективно.

9. Не влегувајте во конфлит со вашиот соговорник. Избегнете ги следните работи: емотивно реагирање, провокации и навреди. На внимателен начин истакнете доколку со нешто не се согласувате.

10. Не инсистирајте на совршеност. Таа не постои. Бидете реални и не губете време на неостварливото.

11. Служете се со компромиси. Тие се клучна работа за успешно завршување на преговорите. 

12.  Преговорите завршете ги на пријателски начин и во позитивна атмосфера.