Премногу работа – помала продуктивност

23

stress-1-pixabay

Фото: Pixabay

Постојано се очекува од нас да направиме повеќе за помалку време и често се случува да не постигнеме да ги завршиме сите работи во предвидениот рок.

Истражувањата покажуваат дека 60 работни часа неделно можат да резултираат со намалување на продуктивноста за 25%. Како што расте бројот на работни часови, така се намалува продуктивноста. Сакале или не, исцрпеноста полека ги поткопува нашите перформанси и расудување.

Решението за ова лежи во намалување на работата.

Прво и основно, не прифаќајте повеќе од што можете да завршите. Колку и да е очигледно, сепак тоа е најтешко да се направи.

Бидете реални, прифатете онолку задачи колку што можете квалитетно да сработите. Извинете се на оние кои очекувале повеќе и кажете ги причините за вашата одлука.

Преговарајте

Доколку ова не ви успее, преговарајте со претпоставените.

Отворено дискутирајте и објаснете дека е невозможно сета работа да се заврши за толку кратко време. Потсетете ги дека веќе сте ангажирани за одредени задачи и сакате квалитетно да ги завршите.

Приоритети

Сите имаат многу работа и никому не му е грижа колку сте сработиле, ако клучните проекти не се завршат навреме. Поделете ја вашата листа со задачи на итни и задачи кои можат да почекаат.

Оние кои можат да почекаат, а такви ги има повеќе, нема да биде трагично доколку не се завршат во најбрз можен рок. Другите задачи кои се итни решавајте ги според приоритетите, почнувајќи од “ќе бидете отпуштени доколку денес не се заврши”, па се до “некој ќе биде незадоволен доколку работата не е завршена”.

Фокус

Една работа по друга. Насочете ја целата концентрација на една задача. Ќе ја заврште за побрзо време и онака како што треба.

Со мултитаскингот само се залажувате дека ќе сработите поголема работа, а вистината е дека сте само повеќе зафатени.

Во моментите кога концентрацијата ве служи, не дозволувајте никој и ништо да ве прекинува (освен во итни случаи).