Преструктуирање на глобалната фармацевтска индустрија, во игра милијарди долари

51

piluliНеколку глобални фармацевтски компании најавија трансакции вредни милијарди долари, со кои планираат да извршат трансформации во нивната работа, пренесува хрватски Бизнис.хр.

Швајцарската фармацевтска компанија Novartis објави дека планира да направи трансформација во своето работење преку замена на одреден имот со британската GlaxoSmithKline (GSK) и со продажба на дел од работењето на американската компанија Eli Lily, во трансакција вредна милијарда долари.

Novartis, исто така, ги купува онколошките производи на GSK за 14,5 милијарди долари.

Според извршниот директор на Novartis, Џое Хименес, тие промени ќе го насочат фокусот на компанијата кон иновации.

„Со промените ќе се подобри нашата финансиска сила, а се очекува да придонесе кон стапките за раст и маргините на профитот“, вели Хименес.

Станува збор за договор кој ја означува клучната реорганизација и за GSK, со што акционерите ќе можат да вратат четири милијарди фунти.

GSK објави дека во иднина ќе има за цел да работи во насока на здравјето на потрошувачите, лековите за дишните патишта и оние за ХИВ, кои заедно ќе сочинат 70% од приходите.

Еден ден претходно, американската фармацевтска компанија Pfizer ја најави можноста за нова понуда за преземање на британската AstraZeneca, откако понудата од 60 милијарди фунти беше одбиена.

Станува збор за трансакции со кои ќе се зајакне франшизата во сегментот на онколошките производи. Покрај тоа, експерименталните лекови, иако се уште се ризични, познати како имунотерапнија, со кои се зајакнува имунолошкиот состав во борбата со ракот, купувањето на AstraZeneca на Pfizer ќе му донесе значајна заштеда во трошоците.