Претседателот на саудиската национална банка поднесе оставка поради банкротот на Credit Suisse

37

Претседателот на саудиската национална банка поднесе оставка од „лични причини“ бидејќи неговите изјави за банката „Credit Suisse“, чиј најголем акционер се Саудијците, предизвикаа голем пад на вредноста на акциите на швајцарската банка, објави денеска саудискиот регулатор.

Во барањето доставено до Ријадската берза Тадаул, беше објавено дека Амар ал Кудаири поднесе оставка од Саудиската национална банка. Констатирано е дека оставката е поднесена вчера.

Кога Ал Кудаири во интервју на 15 март рече дека саудиската национална банка, најголемиот акционер на Credit Suisse, нема да обезбеди дополнителни средства за проблематичната швајцарска банка, нејзините акции паднаа за повеќе од 30 отсто. Набргу потоа, швајцарската централна банка му додели на Credit Suisse заем од 50 милијарди франци за да ги зајакне своите финансии.

Фото: facebook