Претставен АВГ Фрее 2013

13

Чешкиот производител на антивирусен софтвер АВГ ја претстави својата палета безбедносни алатки за 2013 година, меѓу кои и новиот бесплатен антивирус АВГ Фрее 2013. Според производителот, кај новиот софтвер акцентот е ставен на заштитата на приватноста и подобрувањето на перформансите. Вистински новитет на оваа серија безбедносен софтвер е целосно редизајнираниот интерфејс прилагоден на технологијата чувствителна на допир и оперативниот систем Виндоус 8 на американската софтверска компанија Мајкрософт.