Претставен првиот Nokia смарт телевизор

62
Кога се споменува Nokia, сите помислуваат на мобилен телефон, но овој пат станува збор за паметен ТВ уред.
Nokia издаде лиценца за користење на името на индиската компанија Flipkart и така настана првиот паметен телевизор со името на популарниот бренд.
Станува збор за 55-инчен Nokia Ultra HD (4K) LED Smart Android TV, којшто има два звучника од 24W. Форматот на екранот е 16:9, поседува три HDMI порта и два USB порта.
Во продажба е од 10 декември, а чини 589 долари.
Фото:Flipkart.com