Претставен првиот руски електричен автомобил „Атом“

59

„Атом“, првиот функционален модел на руски електричен автомобил, беше претставен во Москва.

Акционерската компанија „Кама“, поддржана од Сергеј Когогин и Рубен Варданјан, планира до крајот на оваа година да ги тестира батеријата, системот за контрола и шасијата, пренесува Комерсант.

Првиот електричен автомобил ќе биде произведен до крајот на 2024 година, а сериското производство и масовна продажба ќе започне кон средината на 2025 година, изјави генералниот директор на компанијата „Кама“, Игор Повараждњук.

„Атом“ ќе се продава не само на рускиот пазар, туку и во Кина, Југоисточна Азија, Турција и Индија, се наведува во написот, пренесува Bizlife.rs.

Фото:screenshot