„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.
Time management-от игра важна улога во нашиот живот. Колку подобро нешто испланираме и го поставиме во правилни временски рамки, толку подобро за нас како индивидуи. Истото правило важи и во старт-ап светот, со тоа што важноста овде е би рекол уште поголема! Стрес, притисок, мал милион обврски, деловен mail, приватен mail, банки и што ли уште не. Но во овој дел нема да се фокусираме на сите работи… само на деловниот mail и неговото менаџирање.
Boomerang е како email магичен трик. Овој plugin за Gmail ви овозможува да закажувате email-ови за подоцнежно испраќање кон таргетираната личност, да сокривате mail-ови за подоцна (нешто слично на snooze копчето на нашите утрински аларми), како и други функционалности преку кои менаџирањето на вашиот mail ќе ви биде олеснето. Затоа не е ни чудно што голем дел на извршни директори, главни главни уредници на видни изданија и основачи го користат овој plugin.
Историјата на Boomerang е мошне интересна. Имено, основачот на компанијата, Alexander Moore, во тоа време работел како проектен тим лидер во Analog Devices. Справувајќи се со секојдневните таскови кои требало да бидат завршени, Alexander воочил дека повеќе време поминува на Outlook менаџирајќи email-ови се со цел да биде во тек со сите активности и крајни рокови на активности. Па затоа користел се што имал на располагање (знаменца, follow-up фолдери, оставање на непрочитани пораки во Inbox и што ли уште не), но сепак важните email-ови секогаш наоѓале начин да му се “сокријат” во листата на mail-ови.
Може да ве интересира:
- Престанете да плаќате за “евтини” фотографии и појдете на Skuawk! – маркетинг алатка #9
- Нотес за 21-от век: Rocketbook Wave – производ на денот #9
- Како до компетитивна предност грижејќи се за клиентите – стартап алатка #8
Она што сакал е начин како пораките да му се појавуваат повторно во релевантно време без притоа да има да размислува што требаше да се направи или слично. И тогаш Boomerang стапува на сцена.
Boomerang нуди неколку функционалности:
- Да пратите mail во период кога ви одговара – корисна опција кога треба да комуницирате со луге од различни временски зони, да пратите порака кога е најверојатно дeкa ќе биде прочитана или да напишете mail-ови кога сте слободни и да ги пратите во соодветно време.
Video 1:
- Response tracking – Една од најмоќните функционалности на Boomerang. Кога пишувате mail, можете да го сетирате Boomerang да ви испрати потсетник ако не добиете одговор после определен број на денови. Она што е многу интересно со оваа опција е тоа што во периодот кога го пишувате првичниот mail, можете да напишете и follow-up mail во случај ако на првата порака не добиете одговор. Boomerang го може и тоа!
Video 2:
- Сокријте ги mail-овите додека не ви затребаат – Boomerang има опција да “извади” mail од вашиот Inbox и да го врати назад после одредено време, односно во периодот кога вас ќе ви притреба! Во исто време, може да прикачите и забелешка на истиот mail, со цел да се потсетите за сè што е поврзано со наведениот mail. Cool нели?!
Video 3:
До денес, Boomerang има пратено повеќе од 57 милиони пораки и е користена од повеќе од 250.000 бизниси ширум светот.
Истражувајте… набљудувајте… осознавајте… можеби следниот Boomerang е пред Вас!
Join the revolution… Became a brainster!
Среќно
Brainster заедницата