Приходите на Русија од продажба на нафта и гас се преполовија во февруари

Приходите на Русија од нафта и гас речиси се преполовени во февруари на околу 410 милијарди рубљи (5,35 милијарди долари), во споредба со истиот месец во 2025 година, покажуваат пресметките.

Главните причини се зајакнувањето на рубљата и пониските цени на нафтата на светскиот пазар.

Нафтата и гасот се клучен извор на приход за Кремљ и сочинуваат повеќе од една петтина од вкупните буџетски приходи. Државната каса е под дополнителен притисок поради зголемените издвојувања за одбрана и безбедност од почетокот на воената кампања во Украина во февруари 2022 година, објавува Ројтерс.

Проценките се базираат на податоци за производство, преработка, како и испораки на нафта и гас на домашниот и странскиот пазар.

Според буџетските проекции, приходите од продажба на нафта и гас во 2026 година треба да достигнат 8.920 милијарди рубљи, додека вкупните буџетски приходи се проценуваат на 40.283 милијарди рубљи.

Минатата година, приходите на федералниот буџет од нафта и гас се намалија за 24 проценти, на 8.480 милијарди рубљи, што е најниско ниво од 2020 година.