Прилепскиот комбинат по седум години со деблокирана сметка

24

philipp-morris-internationa Драфт верзијата на договорот за стратегиско партнерство меѓу Прилепскиот тутунски комбинат и светската тутунска компанија Филип Морис е испратена до Владата на Република Македонија на разгледување.
Александар Дерменџиев, директорот на Прилепскиот комбинат, вели дека драфт верзијата од договорот има 200 страници и истиот треба да биде разгледан од владините служби во рок од една недела.
“Драфт верзијата од договорот е готова и веќе е доставена до Владата, која има рок од една недела да го разгледа договорот и да донесе мислење. Потоа следува процесот на состанување каде би се усогласиле разликите и би се преминало на потпишување на договорот со Филип Морис”, вели Дерменџиев.
Деталите засега се чуваат во тајност, а тим од компанијата Филип Морис во моментов се наоѓа во Прилепскиот комбинат каде се договара со раководството.
Директорот Дермеџиев додаде дека досега се исполните основните услови, односно со Законот за конверзија се трансформирани долговите на комбинатот, а сметката по седум години е деблокирана.
Според Дерменџиев, очекувањата за 2014 година се загубата да биде во обем кој нема да ја наруши ликвидноста на комбинатот, а во 2015 година, доколку се оди според предвидениот план, комбинатот ќе влезе на листата со позитивино салдо и повеќе да не биде загубар.
Прилепскиот тутунски комбинат има преку 1.000 вработени, а негов мнозински сопственик засега е државата.