
– Како влада се насочивме жестоко да работиме заедно со македонската економија, со компаниите и да ги помагаме тие побргу да растат. И во таа насока денеска разговаравме за оној заем кој што веќе го земавме, од половина милијарда евра односно заем за кој што имаме согласност заедно со унгарската влада, којшто сега треба да биде официјално и потпишан, потоа преку закон да биде и ефектуиран во рамките на парламентот и како сето тоа ќе функционира за поддршка на економијата; условите се тие 3,25 % фиксна каматна стапка, 15 години, 3 години грејс период 12 години рок на отплата. Тоа што државата го зема, тоа го дава на стопанството.
Сега ќе видиме во следна фаза ќе отвориме разговори со комерцијалните банки да видиме дали како опција тамо ќе се пласира или ќе се пласира на друг начин но важно е дека не сакаме да биде оптеретен овој кредит со дополнителни услови бидејќи цениме дека е поволен, на пазарот е можеби со два пати поповолни услови од она што може да се обезбеди од комерцијалните банки и цениме дека на овој начин можеме да го помогнеме стопанството.














