Пристаништата на ЕУ повеќе не обезбедуваат услуги за претовар на рускиот течен природен гас

Од денес, пристаништата на Европската унија повеќе не обезбедуваат услуги за претовар на течен природен гас (ЛНГ) произведен или извезен од Русија.

Овие санкции беа воведени уште во јуни минатата година, но беше одобрено одложување на нивната примена до 26 март 2025 година за договори склучени пред 25 јуни 2024 година. На пристаништата на ЕУ од денеска им се забранува и да даваат техничка поддршка, брокерски услуги, финансирање или финансиска поддршка за претовар на ЛНГ.