Пристигна Skoda Citigo во салонот на Porsche Macedonia

174

Skoda Citigo – еден од најмодерните компактни автомобили во светот, отсега е достапен и во Македонија, благодарение на генералниот импортер Порше Македонија. Автомобилот кој целосно е во склад со филозофијата на брендот ’Skoda’ – „Simply Clever – Едноставно умен”, претставува вистински синоним за економичност и беспрекорен квалитет, со највисоки безбедносни стандарди во својата класа. Со должина од само 3,56 метри и ниска потрошувачка на гориво од само 4,1 l на 100 km, Skoda Citigo претставува идеален градски автомобил.

На автомобилскиот саем во Женева оваа година беше претставена и новата верзија со пет врати на Skoda Citigo, кој како и претходната верзија со три врати, се карактеризира со елегантен дизајн, комфорен внатрешен простор и урбана атрактивност. Модерните возачи, младите семејства и сите урбаните практичари ќе се израдуваат на овој автомобил со ниска потрошувачка на гориво, поволна цена и со разумни трошоци за одржување. Активната безбедност има значајна предност пред конкурентите со новата асистенција при сопирање – City Safe Drive. Системот автоматски се активира при брзина под 30 километри на час, а сензорот ласерски идентификува опасност.

Но, чешкиот автомобилски гигант не застана тука со иновациите и изненадувањата за љубителите на модерните градски возила. На 31-вото издание на Volkswagen GTI Средбите во Wörtherse, Volkswagen и Škoda Auto се покажаа со интересни концепт автомобили – ŠKODA Citigo – Рели и ŠKODA Citigo DJ. Во вечерните часови, светски познатиот диџеј настапи во ŠKODA Citigo DJ, кој беше прилагоден како диџејска кабина и имаше импресивно озвучување од 100.000 вати.  Тим на новинари и чешки познати личности ги возеа специјалните ŠKODA RS модели од Прага до подножјето на австриските Алпи, заедно со рели шампионите Копецки и Ханинен, кои возеа два од моделите.

Уште една потврда за секојдневната практичност на Skoda Citigo е победата на 31-то издание на ŠKODA натпреварот во економично возење. Во конкуренција од 48 тимови, доминираше ŠKODA Citigo со 1.0 MPI мотор и 55 kW како најефикасно возило со најмала потрошувачка. Просечната потрошувачка на гориво кај победничкиот тим, изнесуваше само 2,97 l/100 km, што е еднакво на 70,681 g / km емисија на CO2.

Повелете во салонот на Порше Македонија и увeрете се во атрактивноста на градскиот убавец – Skoda Citigo.