Привремена електронска тетоважа би можела да се користи за проверка на нивото на шеќер во крвта, пишува порталот Live science.
“Следењето на глукоза на неинвазивен начин е еден од најважните уреди во сегментотот на сензори за здравје што може лесно да се носат“, вели авторот на овој револуционерен уред и нано инженер на Универзитетот во Калифорнија, Амај Бандодкар.
Тој заедно со колегите работат на развој на овој флексибилен уред, што лесно се поставува на кожата и испраќа мала количина електрична енергија, што 10 минути ги привлекува јоните и на тој начин го мери нивото на глукоза во крвта. Овој уред ќе им биде од посебна корист на милиони лица ширум светот, кои имаат проблеми со дијабетесот и мораат неколку пати во текот на денот да го контролираат нивото на шеќер во крвта, без да користат игли.
Научниците работат на понатамошен развој на овој уред, пред сè, истиот да може подолго да се користи и да може да ги мери вредностите на други важни елементи во крвта.