Проблемите се трупаат – автомобилите на чекање

118

Недостигот од возачи за транспорт на контејнери и автомобили, во комбинација со големиот обем на трговија, доведе до застој во еден од најголемите светски автомобилски центри, германското пристаниште Бремерхавен.

Застојот предизвика возила  кои се подготвени да влезат или да ја напуштат Европа сега да чекаат на пристаништето, а на листата се производителите (и купувачите) на автомобили како што се BMW, Stellantis, Renault, Tesla и Volvo.

Во просек, на пристаништето Бремерхафен се движат 1,7 милиони возила годишно, но недостатокот на возачи за тешка стока, како и возачи за истовар и утовар на возила кои влегуваат и излегуваат, доведе до сериозни доцнења, пишува Хак Магазин.

Освен тоа, во моментов едноставно нема доволно бродови за транспорт на возилата. Глобалната флота е намалена за околу 13 бродови во споредба со 2019 година.