Продажба на автомобили во ЕУ: Дизелашите и струјашите скоро изедначени

15

Во април се регистрирани најмногу возила на бензин, 36 отсто, потоа хибридите 29,1 отсто, дизел автомобилите 12,9 отсто и електричните возила 11,9 отсто.

Во земјите на Европската унија во април се регистрирани 913.995 нови автомобили, што е за 13,7 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Сите големи европски пазари забележаа значителен пораст на продажбата на годишно ниво, во Шпанија за 23,1 отсто, Германија за 19,8 отсто, Франција за 10,9 отсто, Италија за 7,7 отсто.

Во април е регистриран најголем број на нови возила на бензин и тоа 36 %, следат хибридните возила (HEV)со 29,1 %, автомобили на дизел 12,9%, електрични возила на батерии(BEV)11,9 %.