Продажбата на автомобили Тесла во Европа во април е најниска во последните 15 месеци

Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) денеска соопшти дека во април во Европската унија се регистрирани само 13.951 електрични возила (ЕВ) на американската компанија Тесла, што е за 2,3 отсто помалку од истиот месец лани.

Продажбата на автомобили Tesla во Европа во април е најниска во последните 15 месеци, што укажува на слаб почеток на вториот квартал од 2024 година, пренесува Bloomberg.

Регистрациите на возилата на Tesla во Велика Британија паднаа за 25 отсто на годишно ниво во април, а регистрациите во првите четири месеци од 2024 година за 14 отсто на годишно ниво.