Продажбата на автомобили во ЕУ во 2022 година на најниско ниво

80

Продажбата на нови автомобили во Европската Унија има пад во 2022 година, на најниско ниво од 1993., поради недостиг на делови што предизвика прекини во производството, објави здружението на производители АЦЕА.

Во 26-те земји на ЕУ, без Малта, минатата година се регистрирани 9,26 милиони нови автомобили, што е најмалку од 1993. и покрај подобрувањето во периодот од август до декември, забележува АЦЕА. Во однос на 2021 година, продажбата е намалена за 4,6 отсто.

Во категоријата водечки пазари, само Германија има раст во 2022 година, за 1,1 отсто, благодарение на напредокот во декември. Во Италија продажбата е намалена за 9,7 отсто, во Франција за 7,8 отсто, а во Шпанија за 5,4 отсто.

Во декември, продажбата на ниво на ЕУ има скок за 12,8 отсто во споредба со истиот месец претходната година, со регистрирани 896.967 нови автомобили.