
Продажбата на автомобили во Кина во април се зголеми за 14,8 проценти во споредба со истиот период минатата година, според Кинеската асоцијација на патнички автомобили (CPCA).
Како што објавува Ројтерс, позитивниот тренд на раст продолжи – за првите четири месеци од 2025 година, продажбата се зголеми за 8,2 проценти во споредба со истиот период во 2024 година.
Од друга страна, извозот на автомобили се намали за 2,2 проценти во април.












