Продажбата на германско пиво повторно се зголеми по пандемијата

97

Продажбата на германско пиво се зголеми во 2022 година, бидејќи германските пиварници беа погодени од двегодишни ограничувања наметнати поради Ковид-19, но сепак се пониски отколку пред пандемијата.
Сојузниот завод за статистика  објави дека германските пиварници и дистрибутери продале околу 8,8 милијарди литри пиво минатата година, што е за 2,7 отсто повеќе отколку во 2021 година, пренесува Бета.

Продажбата на пиво во Германија, која сочинува повеќе од четири петтини од вкупната продажба, се зголеми за четири отсто на 7,2 милијарди литри. Тоа е сè уште пет проценти помалку отколку пред пандемијата, во 2019 година.

Вкупниот извоз на пиво е намален. Иако германските пиварници извезоа околу 806 милиони литри пиво во другите земји на Европската унија, што е за 7,8 отсто повеќе од претходната година, извозот во другите земји се намали за 12,4 отсто на околу 716 милиони литри.

Светското првенство, за време на кое продажбата на пиво вообичаено расте, не им помогна ниту на пиварите. Оваа година, сепак, тоа не се случи, бидејќи Светското првенство во Катар се одржа кога почна зимата во Европа.

Иако малку закрепнаа по затворањето на рестораните и баровите за време на пандемиската криза во 2020 и 2021 година, германските пивари се борат со долгорочниот тренд на опаѓање на продажбата под влијание на здравјето и други фактори.

Според официјалните податоци, продажбата на пиво паднала за 7,4 отсто во текот на последната деценија, пренесува „Бета“.

Фото: Pixabay