Продажбата на мало во еврозоната падна во октомври повеќе од очекуваното

31

Продажбата на мало во еврозоната падна повеќе од предвиденото во октомври, според официјалните податоци, сигнализирајќи дека побарувачката на потрошувачите може да го означи почетокот на очекуваната техничка рецесија.

Заводот за статистика на Европската унија, Евростат, објави дека продажбата на мало во 19-те земји кои го делат еврото паднала во октомври за 1,8 отсто на месечно ниво и за 2,7 отсто на годишно ниво, пренесува Ројтерс.

Економистите анкетирани од британската агенција предвидуваа месечен пад од 1,7 отсто и пад на годишно ниво од 2,6 отсто, пренесе агенцијата Танјуг.