
Продажбата на нови патнички автомобили, лесни комерцијални возила, камиони и автобуси во Русија се намали за 25 проценти во периодот од јануари до септември оваа година, на 1,014 милиони единици, објави руското Министерство за индустрија и трговија.
Пазарот на нови домашни автомобили изгуби пет проценти од продажбата и таа бројка сега е околу 556.900 единици, објави ТАСС.
Во текот на деветте месеци, продажбата на патнички автомобили се намали за 22 проценти во споредба со претходната година, на 890.300 единици, продажбата на ЛКВ се намали за 21 процент (на 75.500 единици), камионите за 56 проценти (40.300) и автобусите за 45 проценти (8.100 единици).