Продажбата на телефони сè уште опаѓа – кои производители доминираат

51

Аналитичката компанија Counterpoint research објави пазарна анализа за третиот квартал, кога станува збор за продажбата на телефони.

Според извештајот за периодот јули-септември, глобалната испорака на телефони забележа пад од 8% во споменатиот квартал во однос на истиот период лани.

Најновата анализа на Counterpoint сугерира дека послабата побарувачка на потрошувачите за нови телефони е главната причина за падот на продажбата. Од друга страна, пазарот навистина забележа помал раст од 2% во однос на вториот квартал од оваа година, што веројатно беше под влијание на најавата за серијата iPhone 15.

Кога станува збор за поединечни производители, Samsung ја задржа водечката позиција во однос на продажбата во текот на третиот квартал и држи 20% од вкупната продажба. Зад јужнокорејскиот гигант е Apple, кој држи 16% од пазарот според продажбата, а Xiaomi е трет со 12 проценти. Топ 5 листата на производители со најдобра продажба ја заокружуваат Oppo и vivo.