Продажбите на е-возила на кинеска компанија скокнаа за 300%

38

Кинеската компанија BYD продаде 61.409 електрични возила овој август, или над 4 пати повеќе отколку во 2020 година, откако побарувачката за електронски автомобили на најголемиот светски пазар на четири тркала-продолжува да расте.

Бројот на продадени возила од оваа компанија е исто така поголем отколку во јули, кога на клиентите им беа испорачани 50.492 автомобили.

Акциите на BYD утрово пораснаа за 5,5 проценти во тргувањето на берзата Хонг Конг, пренесе CNBC. Исто така, треба да се спомене дека BYD, инаку, ја поддржува компанијата Berkshire Hathaway на познатиот американски инвеститор Ворен Бафет.

BYD е еден од најголемите производители на електрични возила во Кина, и со тоа е голема конкуренција на американскиот гигант Tesla, поддржан од Eлон Маск, кој особено го „сака“ кинескиот пазар.

И покрај проблемите што влијаат врз автомобилската индустрија, како што се недостаток на чипови и зголемени цени на материјалте, побарувачката за електрични возила во Кина е во подем, бидејќи владата помага да се развие овој сектор.

Се проценува дека 1,7 милиони нови е-возила се продадени во Кина од јануари до крајот на август оваа година, или 600.000 повеќе отколку во истиот период минатата година, се вели во изјавата дадена за Ројтерс од кинескиот заменик министер за индустрија и Информатичка технологија.