Продис започна со извоз на украинскиот пазар

41

prodis-128-500Фармацевтска компанија Продис, членка на руската Протек Груп, почна да ги извезува своите производи на украинскиот пазар. Првиот извоз во Украина изнесува околу 70.000 евра.

“На потрошувачите во Украина им е достапен целокупниот асортиман на органски и конвенционални Данкад житарки и асортиманот на органски и конвенционални Максан чаеви”, велат од Руско-македонската компанија.

Компанијата во Украина отвори и свое преставништво и магацински простор.

Фабриката беше отворена лани во октомври во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик. Во објектот од 5.000 метри квадратни првично беа вложени 3,8 милиони евра и вработени 45 лица.

Планирано е да се изгради и дополнителен производствен објект од 4.000 метри квадратни, како и нови вработувања со што до 2015 година вкупната инвестиција треба да достигне до пет милиони евра.

Асортиманот на компанијата Продис вклучува конвенционални и органски производи: чаеви, корнфлекс и мусли, витаминско-минерални препарати, хомеопатски лекови и хомеопатска козметика.