Продолжувa тргувањето со акциите на Реплек АД Скопје

79

Во врска со привремениот прекин на тргување со акциите на Реплек АД Скопје, Македонска берза извести дека издавачот извршил објава на одлуките од собранието на акционери преку СЕИ-НЕТ, после што продолжи тргувањето со обичните акции издадени од Реплек АД Скопје.

Денеска Македонска берза АД Скопје времено го прекина тргувањето со акциите издадени од Реплек АД Скопје во очекување друштвото да објави одлуки од собранието на акционери.

Фото: Freepik