Проект Outernet – бесплатен Wi-Fi за целиот свет

13

outernetКомпанијата Media Development Investment Fund (MDIF) со седиште во Њујорк има амбициозна идеја – да лансира Outernet, нова Wi-Fi мрежа која ќе емитира сигнал од стотина минијатурни сателити лансирани во пониските слоеви на земјината орбита. Секој сателит ќе емитува сигнал до компјутерите и паметните уреди, пружајќи им на тој начин бесплатен онлајн пристап на милијарди луѓе ширум светот. Со ова, конекција ќе имаат и оние на кои интернетот им е многу скап или им е цензуриран.

MDIF малите сателити наречени кјубсатс планира да ги лансира во 2015 година, но претходно ќе ја замоли НАСА да ја тестира Outernet технологијата на Меѓународната вселенска станица, а потоа ќе започне со испраќање на бесплатен Wi-Fi сигнал ширум светот.

За да го реализра овој проект, MDIF планира да обезбеди неколку десетици милиони долари донации. Ако се оди според планот, проектот треба да стартува до јуни следната година.

Сега само 60% од светското население има пристап до интернет.

“Пристапот до знаење и информации е човеково право, а Outernet ќе го гарантира ова право преку преземање практичен пристап до испорака на информации. Недостатокот на интернет конекција не треба да се спречи никого да не биде во тек со настаните, теми што се во тренд и до иновативни идеи”, велат од компанијата.