Профитот на Мета ги надмина очекувањата

36

Американскиот технолошки гигант Мета ги надмина очекувањата на аналитичарите од Волстрит со профит од 14 милијарди долари во четвртиот квартал од минатата година.

Приходите на фирмата се зголемија на 40,1 милијарди долари, а цената на акцијата на Мета скокна за 15,22 отсто на 454,85 ​​долари во продолженото тргување по објавувањето на резултатите.

Како што јави француската новинска агенција АФП, бројот на месечни претплатници на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм е зголемен на 3,1 милијарда, пренесува Мина.

„Имавме добар квартал, бидејќи нашата заедница и бизнис продолжуваат да растат“, коментираше извршниот директор на Мета Марк Цукерберг за објавувањето на деловниот извештај.